Бектеши – тврди дека Кина ќе има пристап до податоците на македонските граѓани: „ Соработката на 4iG со Huawei е закана за критичната инфраструктура и стратешките интереси на земјата”

t

Екс министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил пишува дека соработката на компанијата 4iG (унгарска компанија која сака да влезе на македонскиот пазар) со кинеската Huawei е закана за критичната инфраструктура и стратешките интереси на земјата.

Како што вели, тие имаат блиска соработка за нов cloud за собирање податоци.

„Компанијата 4iG, со која нелегитимната Владата разговара за нов мобилен оператор, има блиска соработка со кинеската Huawei за нов cloud за собирање податоци. Ова е спротивно на интересите на нашите стратешки партнери, како и за критичната инфраструктура во земјата“, пишува Бектеши.

Инаку, неодамна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски неодамна оствари средба со претседателот на оваа групација Гелерт Жасзаи.

На средбата е изразен силен интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши – тврди дека Кина ќе има…

Екс министерот за економија Крешник Бектеши на…

Повторно висока инфлација

Инфлацијата се повеќе ги „јаде“ парите на…

(Видео) Гаши е невин, вели портпаролката на…

Владејачката коалиција се обедини во заштита на…

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36)…

Путин бесен: Ја обвини Украина за „тешка…

Претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за…