Бектеши: Чест ми е што сум министер во Северна Македонија

t

Министерот за економија, Крешник Бектеши даде повеќе информации околу неговата изјава во Тирана кога го нарекоа „македонски министер“.

-Јас сум Албанец по етничка припадност, тоа е реалноста, бидејќи во Северна Македонија живеат и работат над 600 илјади Албанци, тие се тука, колку што е моја Северна Македонија толку е и на г. Мицкоски. Како што јас се грижам толку и тој треба да се грижи за Северна Македонија затоа што ова е моја држава, исто колку што е и негова, рече Бектеши во емисијата „10 минути“ за реакцијата на Мицкоски.

Бектеши вели дека таква реторика била слушната и од претходникот на Мицкоски, Никола Груевски.

-Нема потреба од будење национализам. Мене ми е чест што сум министер на Северна Македонија, додаде Бектеши.

При посетата на Тирана, новинарка поставувајќи прашање на Бектеши му се обрати со зборовите „македонски министер“, по што тој веднаш реагирал и одговорил.-Новинарката: Имав прашање до македонскиот министер…

Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец, било изјавено на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…

Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…

Казни од 800 до 10.000 евра за…

Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…

Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…

Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…