Објавено на:

Белами: Свесни сме низ што поминува Македонија и Велс жали со вас!

t

По прес-конференцијата на Македонија денеска пред медиумите се појави и селекторот на Велс, Крег Белами.

Предводникот на репрезентацијата на Велс истакна дека е свесен за ситуацијата во која се наоѓа Македонија и испрати сочувство до семејствата на жртвите.

„Прво сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс сме имале многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас поради ситуацијата. Тешко е во ова време да се зборува за фудбал. Македонија е голем предизвик. Ми се допадна нивниот меч против Хрватска, контрите им се силна страна, утрешниот меч ќе биде интересен“, вели Белами.

Со Белами на прес-конференцијата се појави фудбалерот Пет Дејвис кој за силни страни на Македонија ги смета контрите.

„Како тим разговаравме за ситуацијата во Македонија и покажавме голема почит. Ние имавме добар старт на квалификациите, победивме против Казахстан, но имаме работи кои треба да ги поправиме и се надевам дека ќе одиграме подобро во Скопје. Ја анализиравме Македонија, имаат добар тим кој има добри контри“, изјави Дејвис.

Натпреварот помеѓу Македонија и Велс се игра во терминот од 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ