Објавено на:

Белата куќа ја релативизира наводната руска помош за Иран: „Не прави разлика – ги разоруваме“

t

Белата куќа се обиде да ја намали тежината на тврдењата дека Русија споделува разузнавачки информации со Иран што би можеле да му помогнат на Техеран да ги таргетира американските воени цели во регионот. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека таквата размена „не прави никаква разлика“ за американските операции и дека американските сили „целосно го разоруваат“ противникот.

Ливит одби да одговори дали претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе разговара за овие наводи со рускиот претседател Владимир Путин, како и дали Вашингтон размислува за конкретни мерки поради можната руска улога.

Според американски функционери запознаени со разузнавачките проценки, Русија на Иран му доставила информации кои потенцијално би можеле да помогнат при напади врз американски воени бродови, авиони и други цели. Во исто време, тие нагласиле дека нема докази оти Москва директно го насочува Техеран како да ги користи тие податоци.

Наводите се појавуваат во момент на ескалација на судирот кој, според оценките, го отворија САД и Израел во изминатата недела. Во тие околности, информациите се толкуваат како можен прв сигнал дека Русија би можела да се обиде да преземе поактивна улога во конфликтот.

Кремљ, пак, ги негираше тврдењата дека ѝ дава воена помош на Исламската Република и порача дека останува во контакт со Иран, без да прецизира каква е природата на таа комуникација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа ја релативизира наводната руска помош…

Белата куќа се обиде да ја намали…

Трамп: Иран не мора да биде демократија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за…

Германија повлекува дополнителни сили од Блискиот Исток…

Германија повлекува дополнителни сили на Бундесверот од…

Грчки системи „Патриот“ и авиони Ф-16 ќе…

Грција ќе обезбеди итна поддршка за противвоздушната…

Трамп се закани со затворање на владата…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го…