Објавено на:

Бела куќа: Израел има обврска да ги заштити невините луѓе во болниците во Појасот Газа

t

Израел има обврска според меѓународното право да ги штити невините луѓе во болниците во Појасот Газа што е можно подолго додека ја продолжува својата воена кампања против Хамас, соопшти денеска Белата куќа.


Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, на брифинг со новинарите изјави дека Израел има право да се брани, но оти тоа треба да го направи во согласност со меѓународното право и колку што е можно да ги заштити невините луѓе во болниците, медицинскиот персонал и пациентите.
Кирби изјави дека е познато оти Хамас намерно користи места како болници за складирање на оружје, сместување на своите борци, па дури и ги користи за командни центри, што дополнително ја комплицира позицијата на Израел.

Мировен план од 10 точки и решение со две држави, за ставање крај на израелско-палестинскиот конфликт. Шефот за надворешна политика и безбедност, Борел, елаборираше во Советот за надворешни работи во Брисел. Земјите-членки согласни, две држави би обезбедиле мирен соживот. За Израел, повоените планови на Брисел се неприфатливи.

Целосна нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави нема да биде можна, доколку Тел Авив континуирано и пркоси на меѓународната заедница, предупреди Јордан. Од иранското МНР велат дека израелскиот премиер Нетанјаху мора да се фокусира на „извлекување од мочуриштето во кое е заглавен“, пред да помисли да го нападне Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…