Објавено на:

Бела куќа: Исламски отпор во Ирак е одговорен за смртта на тројцата американски војници во Јордан

t

САД веруваат дека екстремистичката организација Исламски отпор во Ирак е одговорна за нападите со беспилотни летала во Јордан во кои загинаа тројца американски војници, соопшти Белата куќа.

-Веруваме дека нападот во Јордан беше планиран, финансиран и спроведен од чадор-организацијата Исламски отпор во Ирак, која обединува повеќе екстремистички групи, вклучително и Катаиб Хезболах, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, пренесе Си-Ен-Ен.

Иако веќе не ја припишува одговорноста за овој напад на групата Катаиб Хезболах, Кирби кажа дека тоа не е единствената група одговорна за претходните напади врз американските бази.

-Овој напад секако ги има карактеристиките на Катаиб Хезболах, но според нашата разузнавачка заедница, нападот во Јордан го извршила чадор организација наречена Исламски отпор во Ирак, рече Кирби.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот разговараше со семејствата на тројцата загинати војници и утре ќе присуствува на прифатот на нивните останки во воздухопловната база Довер.

Тој вчера соопшти дека веќе одлучил како ќе одговори на нападите на екстремистите, но остана нејасен за тоа каков точно ќе биде американскиот одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…

САД го поздравија успешниот крај на преговорите…

САД продолжија со испораката на оружје за…

Испораките на оружје од САД за Украина…