Бела куќа: Ја следиме вонредната ситуација во Сирија
Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот тим ги следат „вонредните настани во Сирија“ и се во контакт со регионалните партнери, соопшти денеска Белата куќа.
„Претседателот Бајден и неговиот тим внимателно ги следат вонредните настани во Сирија и се во постојан контакт со регионалните партнери“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Соопштението уследи по веста дека сирискиот претседател Башар ал Асад се качил во авион и го напуштил Дамаск на непозната дестинација, додека бунтовниците објавија дека влегле во главниот град без никаков знак за распоредување на армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе го намалат бројот на американски…
САД ќе го намалат бројот на своите…
Европската унија ги укина економските санкции против…
Европската Унија ги укина економските санкции врз…
ЕУ одлучи да ги укине економските санкции…
Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево…
Саудиска Арабија и Катар го отплатија долгот…
Светската банка денеска објави дека Саудиска Арабија…
Трамп е воодушевен од лидерот на Сирија,…
Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со…