Белгиската телевизија го прекина настапот на Израел на Евровизија, во знак на протест поради Газа
Белгиската телевизија VRT престана да го емитува Изборот за песна на Евровизија за да го осуди израелското кршење на човековите права и слободата на медиумите и повика на прекин на огнот во Газа.
VRT, која емитува програма на фламански, синоќа во Малме, Шведска, во знак на протест против израелските напади во Газа, го прекина емитувањето на второто полуфинале на Евровизија.
„Ова е синдикална акција. Го осудуваме кршењето на човековите права во израелската држава. Покрај тоа, Израел ја уништува слободата на медиумите. Затоа, правиме привремена пауза во нашето емитување. Прекин на огнот, сега“, се вели во соопштението.
Двајца белгиски министри претходно изјавија дека Израел не треба да учествува на Изборот за песна на Евровизија се додека продолжуваат нападите врз цивили во Газа.
Уметниците кои ги претставуваат Белгија, Португалија, Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Норвешка, Данска, Литванија, Финска и Сан Марино на Изборот за песна на Евровизија повикаа на итен и одржлив прекин на огнот во Газа.
Различни сектори од многу европски земји побараа да му се забрани на Израел да учествува во финалето на Евровизија, кое ќе се одржи во Малме на 11 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…
Израел ќе одговори со сила на секој…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Трамп: Да бев претседател, немаше да има…
Она на што сме сведоци во Израел…