Белгиски министер: Ако Москва го нападне Брисел, ќе ја срамниме со земја!

t

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен испрати порака до Русија, предупредувајќи дека доколку Москва некогаш се осмели да го нападне Брисел, НАТО ќе одговори со разорна сила и ќе ја срамни со земја руската престолнина.

Во интервју за „The Brussels Times“, тој зборуваше за воената стратегија на Алијансата, текот на војната во Украина, како и за европската безбедност и нуклеарното одвраќање.

На директното прашање дали постои страв од можен руски ракетен напад врз Брисел, министерот одговори без двоумење:

„Не, бидејќи тоа би значело напад врз срцето на НАТО. Ако Путин го стори тоа – ние ќе ја срамниме Москва со земја.“

Франкен потенцира дека Белгија и НАТО целосно се подготвени да реагираат на каков било обид за напад, и дека системот на заемна одбрана – Член 5 од Повелбата на НАТО – е неприкосновен.

– „Имам целосна доверба во американското лидерство. Многумина во Европа имаат предрасуди кон владата во Вашингтон, но јас немам дилема дека претседателот Доналд Трамп би го почитувал Член 5. НАТО е гарантот на нашата безбедност,“ нагласи Франкен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгиски министер: Ако Москва го нападне Брисел,…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен испрати…

Руски авиони го нарушиле воздушниот простор на…

Руски воени авиони синоќа накратко го нарушија…

Генерален штрајк во Белгија за квалитетни и…

Во организација на трите главни белгиски синдикати…

Додик денеска на средба со Лавров во…

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ќе…

Белгија ќе ја признае Палестина овој месец,…

Белгија ќе ја признае државата Палестина на…