Објавено на:

Белгија и Иран ќе си разменуваат затвореници

t

Белгиските пратеници доцна синоќа дадоа „зелено светло“ за билатерален договор за трансфер на осудени затвореници со Иран.

Текстот помина со 79 гласа „за“, 41 „против“ и 11 „воздржани“. Причината за значајниот број гласови против и воздржани е што овој договор ќе овозможи трансфер на ирански затвореник во Белгија осуден за подготвување на терористички напад. Станува збор за Асадолах Асиди, поранешен дипломат, осуден лани на 20 години затвор за планирање атентат врз иранската опозиција во егзил во Белгија.

Од друга страна пак со овој Договор се отвора конечно можност за белгискиот државјанин и хуманитарен работник, Оливие Вандекастеле, да биде ослободен од иранскиот затвор и да се врати во Белгија. Вандекастеле беше уапсен на 24 февруари во Техеран.

Дел од опозицијата во Белгија го критикува усвојувањето на овој Договор, пред сѐ во редовите на десничарите, каде се смета дека со ова се отвора можност за „ослободување на терористи“. Поддржувачите на Договорот инсистираат дека е важно да се ослободат белгиските државјани како Вандекастеле кој ќе биде предмет на размена на затвореници со Асиди.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…