Белгија насилно ќе депортира мигранти од Авганистан

t

Белгија подготвува план за насилно враќање на авганистанските мигранти во земјата, се вели во соопштението на канцеларијата на државниот секретар за азил и миграција во заминување Никол де Мур. Планот ќе биде претставен и дискутиран на претстојниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи оваа недела

Белгија престана да ги депортира Авганистанците откако талибанците воспоставија режим во Кабул во 2021 година. Луѓето од оваа азиска земја моментално се третата по големина група баратели на азил во Белгија. Сепак, според податоците на меѓународните организации, само 35% од барањата за заштита поднесени од Авганистанци добиваат одобрение од белгиска страна.

Според белгиските власти, прво мора да бидат вратени авганистанските мигранти кои извршиле злосторства или други нарушувања на јавниот ред. Депортирањето ќе се врши со авион преку Истанбул, а треба да се одреди потребниот буџет.

Планот се очекува да го спроведе следната редовна белгиска влада, кој се уште е во фаза на изработка и би можела да биде завршен до крајот на месецот. Белгија прецизираше дека нема да се бара соработка со Талибанците за депортацијата. Според неа, Авганистанците повеќе не се изложени на ризик од прогон во нивната земја и нивните барања за заштита се повеќе ќе се одбиваат. Во 2024 година Само 19 мигранти решиле доброволно да се вратат од Белгија во Авганистан, покажуваат податоците на белгиската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгиското обвинителство истражува наводна корупција во Европскиот…

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица…

САД со нова апликација за „самодепортација“ на…

Администрацијата на актуелниот претседател на САД, Доналд…

„Ауди“ затвора фабрика за автомобили во Белгија

„Ауди“ денеска ја затвора својата фабрика во…

Постигнат договор за формирање нова Влада на…

Петте партии кои преговараат за формирање нова…

Ги излажале дека нивни блиски прегазиле деца…

Двајца повозрасни кумановци измамени преку телефоснки повици…