Белгија прогласи епидемија на грип: Најпогодени децата
Белгискиот институт за јавно здравје (Sciensano) денеска прогласи епидемија на грип во државата – погодени се сите возрасни групи, но најмногу децата и младите.
Високиот совет за здравство препорача вакцинација против грип, главно за ризични лица, возрасни над 65 години, бремени жени, лица со хронични заболувања или оние кои престојуваат во институции и медицински персонал.
Според статистиката на Институтот, стапката на заболени од грип веќе ги надминала максимумите постигнати во претходните три зими. Сегашната епидемија на грип е придружена со циркулација на многу други респираторни заболувања, предизвикани од вирусот Ковид-19 или бронхитис.
И бројот на случаи со Ковид – 19 исто така расте, а загриженоста се зголемува поради епидемијата во Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погледнете го уште еднаш спектакуларниот гол на…
Репрезентацијата на Македонија успеа да израмни со…
Чурлинов: Тактички ќе бидеме добро подготвени за…
Дарко Чурлинов беше полн со оптимизам пред…
Опасен инсектицид пронајден во јагодите од Србија…
Белгија издаде предупредување за присуство на форметанат…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…
Хорор во Белгија: Стоматолог блудничел врз пациентки…
Белгиските детективи досега идентификувале 55 жени-жртви на…