Белгија ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците
За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави белгискиот портал Фокус.
Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.
Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.
Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.
Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.
Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сек
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погледнете го уште еднаш спектакуларниот гол на…
Репрезентацијата на Македонија успеа да израмни со…
Чурлинов: Тактички ќе бидеме добро подготвени за…
Дарко Чурлинов беше полн со оптимизам пред…
Опасен инсектицид пронајден во јагодите од Србија…
Белгија издаде предупредување за присуство на форметанат…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…
Хорор во Белгија: Стоматолог блудничел врз пациентки…
Белгиските детективи досега идентификувале 55 жени-жртви на…