Белорусија ги повлече сите дипломати од Украина: Влегуваат ли во војната?

t

Амбасадорот на Белорусија во Украина, Игор Сокол, изјави дека целиот персонал на амбасадата е евакуиран, јавија белоруските медиуми.

Како причина за евакуацијата Сокол ги наведува „лошите услови за работа“ – блокирани се банкарските сметки на амбасадата, а условите за работа на вработените биле „неподносливи“, добивале постојани закани за физичко насилство. Се прецизира дека дипломатите заминале за Молдавија.

Инаку, од повеќе извори се шпекулира дека Белорусија е подготвена воено да се замеша во украинскиот конфликт на страната Руисја, а наводно војската на оваа земја ќе се обиде да изврши силен удар врз западните делови на Украина, со цел да ја отсече влдата во Киев од помошта што ја прима од ЕУ и од САД.

Повлекувањето на дипломатите од Украина, се смета, можеби може да се протолкува и како како акт на последен потег пред започнувањето на воените дејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…