Белорусија потврди: Русија им испраќа 9000 војници
Русија испраќа до 9.000 војници и стотици единици опрема во Белорусија, потврди официјален Минск, јави ДПА.
-Белорусија очекува околу 170 тенкови, 200 оклопни борбени возила и артилерија, изјави шефот на одделот за меѓународна воена соработка на белоруското Министерство за одбрана, Валериј Ревенко. Тој истакна дека информациите им ги пренел на воените аташеа на неколку земји.
Предходно рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко објавија дека ќе се формира заедничка воена единица.
Групата ќе може да се одбрани во случај на напад од Запад, изјави секретарот на Советот за национална безбедност Александар Волфович.
Тој рече дека белоруските граничари претходно изјавиле дека границите на државата се заштитени со посилна безбедност.
Волфович истовремено нагласи дека Белорусија не се подготвува за војна и оти се одржуваат заеднички маневри како одговор на воените вежби во соседните земји на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Стејт департментот со предупредување до Американците да…
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…