Белорусија ќе дозволи транзит на украинското жито кон Литванија
Белорусија во петокот им потврдила на Обединетите нации дека без никакви услови ќе се согласи на транзит на украинските житарки преку својата територија за да можат да се извезуваат преку литванските пристаништа, соопштија од светската организација.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се сретнал претходно во петокот во Њујорк со заменикот на белорускиот министер за надворешни работи Јуриј Амбразович, ги информираше новинарите по состанокот портпаролот Стефан Дужарик.
Белорускиот дипломат притоа „го повтори барањето на неговата влада да можат да извезуваат нивни ѓубрива, коишто во моментов се под санкции“, додаде Дужарик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Нов топлотен бран – температурите до 40…
Од утре нашата земја повторно влегува под…
Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби…
Конфликт меѓу Израел и Иран би можел…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…
На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…