Белоруски опозиционер се буни: Москва го користи Минск за да ги заобиколи санкциите
Русија ја користи Белорусија за да ги заобиколи западните санкции, изјави белорускиот опозициски политичар Павел Латушка, додавајќи дека ЕУ треба да ги координира санкциите против Москва и Минск.
– Западните санкции пропаѓаат, поради што апелираме до Западот да ги усогласи санкциите кон Белорусија со оние кон Русиј”, рече Латушка во интервју за ЕУРОАКТИВ, сугерирајќи дека Москва нашла начин да избегне одредени казнени мерки преку својот сосед.
ЕУ прво воведе санкции кон Минск во 2020 година поради жестоката кампања на репресија, а потоа и откако Москва испрати илјадници војници во Украина од руска и белоруска територија на 24 февруари.
Белорусија исто така беше санкционирана во 2021 година по пресретнувањето на авион на Рајанер и апсењето на новинар дисидент кој бил на летот.
Западот, исто така, воведе санкции за клучните сектори на белоруската економија, како што е извозот на поташа, важна состојка за вештачките калиумови ѓубрива, чиј Белорусија е трет по големина производител во светот.
Меѓутоа, белорускиот опозициски политичар тврди дека забраната за транзит на руски камиони се заобиколува со пренесување на нивниот товар во камиони со белоруски таблички пред да ја преминат границата.
– Западните санкции се применуваат на руската централна банка, но не и на белоруската. Мастеркард и Виза работат во Белорусија…,посочи Латушка на само некои од „дупките”, додавајќи дека „Минск во моментов е полн со руски граѓани”.
Според него, режимот на (белорускиот претседател Александар) Лукашенко е единствениот сојузник во војната на Русија против Украина и затоа треба да се смета за коагресор во таа војна.
– Белорусија денес е всушност окупирана територија, под контрола на Москва, со руски војници и проектили, наредбите доаѓаат директно од Кремљ, а Лукашенко е само марионета во рацете на Путин, оцени Латушка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Стејт департментот со предупредување до Американците да…
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…