Бектеши: Сопствениците и управителот на “Привилиџ” ќе одговараат согласно законите
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека сопствениците на дискотеката „Привилиџ“, чијшто објект работел и покрај тоа што немале лиценца, ќе одговараат согласно законите.
„Во однос на локалот кој немал лиценца за дејност, ние отворено и транспарентно кажавме за тоа, иако не беше наша надлежност. Тоа е одлука на инспекторатите. Сопствениците ќе одговараат согласно законите. Го известивме МВР дека локалот дека не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат. Сакам да ги повикам сите институции да го направат тоа. Утврдено е што значи ноќен клуб, што е кабаре, а што кафуле. Си има различни лиценци“, вели Бектеши за ноќниот клуб во скопскиот Градски парк, пред кој се случи убиството на ракометарот Денис Тот.
Бектеши појаснува дека Државниот пазарен инспекторат ги презел сите мерки.
„И управителот и сопствениците ќе одговараат согласно законските одредби“, нагласува Бектеши.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Бектеши: Сопствениците и управителот на “Привилиџ” ќе…
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека сопствениците на…
ДПИ денеска присилно ја затвори дискотеката “Привилиџ”
Државниот пазарен инспекторат денеска присилно ја затвори…