Бензините остануваат со иста цена, големо намалување кај дизелот

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услугидонесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 29.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,573%, кај дизелот за 3,326%, кај екстра лесното масло за 3,241% и кај мазутот има зголемување е за 1,197%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит.

Од 2.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 109,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 111,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 103,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…

Тajланд се приклучи на БРИКС

Тајланд ја прифати поканата да стане земја…

Косовец фатен како краде од куќа во…

На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје,…

(Видео) Машината била погодена од остатоци од…

Казахстанското Министерство за вонредни состојби подоцна извести…

Уапсен скопјанец, агресивно се однесувал кон полицајци

Уапсен скопјанец поради агресивно однесување кон полицајци.…