Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – Нови цени на горивата од полноќ

t

Дел од цените на горивата се зголемуваат, а дел ќе бидат намалени од полноќ  – вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2025 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,592 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 35,450 ден/кг.

Од 13.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,450 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…

Нови цени на горивата од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Ново поскапување на горивата од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

(Фото) Да не ве лажат! Цените во…

Цените во регионот се драстично помали во…

Мицкоски нема информации дека цените пораснале

Премиерот Христијан Мицкоски нема информации за зголемување…