Бербок децидна: Г7 ќе спречи Русија да ги изгладнува и убива Украинците!
Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) е решена да ја спречи Русија да ги „изгладнува” и „со студ да ги убива” жителите на Украина.
– Нема да дозволиме оваа сурова војна да доведе до масовни смртни случаи на постари и деца, млади луѓе и семејства во зимските месеци што претстојат, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на отворањето на дводневната средба на шефовите на дипломатиите на членките на Г7 во Мунстер, западна Германија.
Организирањето помош за Украина е на врвот на агендата на состанокот, од кој се очекува да биде испратена уште една силна порака до Русија, која од 24 февруари води офанзива против Киев.
Бербок, чија земја претседава со Г7 до крајот на годината, ги осуди руските „подмолни методи” на војување кои се обидуваат да ги „истоштат луѓето од глад, жед и студ, уништувајќи ја цивилната инфраструктура”.
Многу украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, во изминатите недели беа цел на минофрлачки напади врз цивилната инфраструктура, поради што населението страда од недостиг на вода и електрична енергија.
Покрај Соединетите Американски Држави и Германија како претседавач, водечките економии во Групата седум (Г7) ги вклучуваат и Велика Британија, Канада, Франција, Италија и Јапонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…