Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

t

Претседателката на Генералното собрание на ООН Аналена Бербок изјави дека мировните сили на ООН би можеле да имаат улога во обезбедувањето мирно решение за војната во Украина, пренесе ДПА.

– Ако се постигне мировен договор, тој мора да биде гарантиран на најдобар можен начин. Ако мнозинството земји-членки сметаат дека за тоа се потребни ‘сини шлемови’, тоа би можело да обезбеди траен мир, рече Бербок, поранешна германска министерка за надворешни работи, за неделното издание на весникот „Билд“.

Сојузниците на Украина со месеци работат на планови за потенцијална нова фаза во војната – од прекин на огнот до мировен договор. Сепак, таквите напори бараат подготвеност од Москва за преговори. Украина инсистира на безбедносни гаранции во случај на прекин или престанок на воените дејствија. Според воени експерти, за ова би можеле да бидат потребни десетици илјади војници, на пример од европски сојузници, или пак мировна мисија на ООН со „сини шлемови“ во улога на набљудувачи.

Бербок официјално ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на ООН на 9 септември. Нејзината улога во Њујорк е главно церемонијална и не треба да се меша со онаа на генералниот секретар на ООН, нагласува ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле…

Претседателката на Генералното собрание на ООН Аналена…

Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија…

Орбан до Западот: Не примаме наредби од…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата…

Принцот Хари во Киев – најави донација…

Принцот Хари, војводата од Сасекс, неочекувано ја…

Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани

- Комуникациските канали постојат, добро се воспоставени.…