Бербок пресече: Русија е одговорна за нападот во Полска

t

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, оцени дека Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска.

Овие луѓе немаше да загинат ако не беше оваа брутална руска воена агресија, изјави Баербок по пристигнувањето на конференцијата на ОН за климата во Египет.

Таа додаде дека разузнавачки информации покажуваат ракетите биле истрелани од украинската воздушна одбрана.

Изминатите 18 часа покажаа колку е важно да се однесуваме внимателно во овие моменти, но пред сè и заедно како Европска Унија, како НАТО, истакна Баербок.

Врз полското село Пржеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, паднаа две ракети при што загинаа две лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…