Објавено на:

Бериша кон Рама: Ти си роб на Вучиќ, згазивте на крвта на 8000 невини бошњачки деца

t

Парламентот на Албанија попладнево не ја усвои резолуцијата со која требаше да се признае геноцидот во Сребреница. Вкупно 51 парламентарец гласаше против резолуцијата, а само 15 беа „за”.

– Албанија никогаш немала антиалбанец како (премиерот) Еди Рама. Ја згазивте крвта на 8.000 невини бошњачки мажи и деца. Гласавте да ги згазите животите на 100.000 косовски Албанци, оцени поранешниот премиер Сали Бериша.

Тој исто така го обвини Рама дека е „роб на српскиот претседател Александар Вучиќ“ и дека пратениците од владејачката партија гласале по негова наредба.

Пратеникот Тритан Шеху рече дека ова е горчлив и грд ден за албанскиот парламент, пренесува сараевскиот портал Кликс.

– Ние сме единствениот парламент што нема формален документ со кој се осудува геноцидот. Ова е ден кој остава тежок белег на демократскиот свет. Пред неколку дена овие господа гласаа против резолуцијата со која се осудува рускиот геноцид во Украина. Денеска не ја прифатија резолуцијата за осуда на српскиот геноцид во Босна, утре нема да прифатат осуда на српскиот геноцид на Косово. Зошто? Тоа се врски, обврски, Вучиќ е над тоа, рече Шеху.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…

Рама го пофали Курти за прифаќањето на…

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на…

Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…

Спортските објекти се издаваат на користење на…

Рама: Разочаран сум од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…