Берлин ќе одлучува дали ќе стане град без автомобили
Следниот месец ќе биде донесена одлука дали Берлин ќе стане град без автомобили.
Идејата потекна од граѓанската иницијатива „Berlin Autofrei“ (Берлин без автомобили), која лани предложи план за ограничување на автомобилите во рамките на С-Рингбан, кружна железничка линија околу внатрешноста на градот, со што би се добила најголемата област без автомобили на светот. Станува збор за површина од 88 квадратни километри.
Целта на иницијативата е да се забрани користењето на приватните автомобили во центарот на Берлин, каде што би смееле да се движат возилата на итни служби, ѓубреџиските камиони, такси возилата, возилата за достава, како и автомобилите на жителите со ограничена мобилност, кои би добиле специјална дозвола.
„Целта на кампањата е да се осигура јавните улици на Берлин да бидат правично распределени, здрави, безбедни, погодни за живеење и еколошки. Бидејќи градските власти сè уште не презеле активности и мерки за да се остварат овие квалитети, моравме да ги искористиме нашите демократски алатки“, велат од „Berlin Autofrei“.
Тимот собра над 50.000 потписи за поддршка на кампањата, поради што берлинскиот Сенат мора да ја разгледа идејата, а дали ќе ја прифати и претвори во закон ќе биде решено следниот месец.
Ако биде одбиена, групата кажа дека ќе се обиде да собере 175.000 потписи, со што за идејата Берлин без автомобили ќе можат да гласаат сите жители во 2023.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Омилената новинарка на Путин“: Ако ја нападнат…
Маргарита Симонијан, главна уредничка на „Русија денес“,…
Момче избодено во основно училиште во Берлин,…
Дванаесетгодишно момче е тешко повредено денеска при…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…
Спречен напад на израелската амбасада во Берлин
Специјалци на германската полиција фатиле Либиец во…
Демонстрации во Берлин за мирно решавање на…
Во главниот град на Германија, Берлин, на…