БЕСА е антидржавна партија, Касами прибегнува кон етношовинизам: Левица ги поддржува македонските клубови во Тетово

t

Левица ги поддржува македонските клубови во Тетово на кои Касами им забрани да го користат стадионот кој сега е ексклузивно право само на Шкендија.

-Етнотрибалистичките испади на градоначалникот од Беса, Касами, не престануваат. Од ФК ТЕТЕКС денес објавија дека уште од февруари не им е дозволено да ги користат стадионите во Тетово, а ексклузивно право има ФК Шкендија.

Кога анти-државната Беса нема што да понуди за граѓаните, прибегнува кон етношовинизам, па така само ФК Шкендија има право да ги користи градските стадиони, додека ФК ТЕТЕКС и ФК ЉУБОТЕН не добија ни образложение зошто не смеат да ги користат стадионите.

После скандалозно организираниот пречек на Курти од страна на Касами, не е изненадувачки ваквата дискриминација кон македонските клубови, од страна на потрошени политичари заглавени во идеи од минатиот век.

Левица го осудува ваквото однесување на Општина Тетово и Касами, особено во спортот и ќе ги поддржи македонските клубови на протест против локалната власт за ваквото самоволие! – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…