Бесими: Благодарение на Господ и неуморната работа на лидерот денеска може да зборуваме за благосостојба

t

Денес како политичка организација преземаме поголеми одговорности од само решавање на невработеноста и благосостојбата на Албанците. Денеска одлучуваме и избираме за иднината на сите граѓани на Македонија, без разлика дали се Албанци, Македонци, Босанци, Турци или други кои живеат овде, изјавил на партиската средба во Гостивар, Фатмир Бесими, министерот за финансии.

Според него тоа доволно зборува колку далеку сме стигнале.

– Пред 2001 година ние и политиката на Албанците во Македонија главно се занимававме со изработка на програми како да си го решиме статусот, како да стекнеме малку повеќе права во оваа држава. Не само тоа, ние сега сме поамбициозни и пошироки од само правата на Албанците во подготовката на изборните програми. Благодарение на Господ и  на неуморната работа на лидерот и на сите нас кои се наредивме зад него, денес слободно можеме да зборуваме за благосостојба, денес зборуваме за маките и другите проблеми што ги имаме за подобар живот, изјавил тој.

Бесими рекол дека денес сакаме овие училишта повторно да се наполнат со ученици, сакаме младите во нашата земја да најдат перспектива, работни места, да отвориме нови работни места.

– Денес сакаме нашата младина да биде поамбициозна од нашата генерација и од оние пред нас. Покажавме подготвеност дека можеме да преземеме одговорност, не бегаме од одговорноста, но и не ја злоупотребуваме. Со моите колеги од извршната власт одлучуваме за проекти кои се витални и стратешки за нашата иднина.Оваа долгорочна перспектива и оваа наша визија е дека новата генерација и нашите сограѓани кои се во Европа треба да ја најдат Европа тука и ова е слоганот “Заедно за Европа“, изјавил Бесими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесими: Се бара одржливо решение за корекција…

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека…