Бесими: Енергетската криза ќе продолжи да расте
Очекувањата и проекциите за глобалниот економски раст, посебно во земјите од ЕУ и земјите во Европа, се дека ефектот на енергетската криза и цените ќе продолжат и во наредната година, со забавена динамика на раст. Тоа е резултат на сите овие неизвености, како резултат на руската агресија во Украина и одразот што го има на пазарот на природен гас и пазарот на електрична енергија и енергенсите, вели министерот за финансии Фатмир Бесимиво денешното гостување во ТВ 24.
Тој потенцира дека мораме да се спремиме за период каде што треба да се заштеди.
-Да не создаваме нереални очекувања или да живееме во состојба дека се е во ред или дека се брзо ќе помине. Прво, нема да помине брзо и второ, ефектите од таквата криза ќе се почувствуваат, истакна Бесими во емисијата „24 анализа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…
Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…
Мудис: Загрозена економската иднина на Израел
Војната со палестинската милитантна група Хамас го…
Расте „стапката на смртност“ на бизнисите во…
Отворањата на нови компании исто така бележат…
Премиерот на Баварија: Германија е во „сериозна…
Владата на канцеларот Олаф Шолц е „целосно…
Македонските пензии најниски во регионот
Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…