Бесими објаснува: Граѓанската обврзница овозможува безбедно да се вложат парите заштедени “под перница”

t

Ако некој купил 10 обврзници за 100 000 денари, првата година ќе добие 5 000 денари камата, а втората година уште толку или вкупно 10 000 за 100 000 денари инвестиција. На крај на втората година ќе ги добие повторно парите назад доколку се реши да ги земе или да направи повторна емисија. Вака вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими отприлика објасни каква ќе биде придобивката од граѓанската обврзница. Овој нов, иновативен инструмент, рече, до 12 јули, секој ден, од 9 до 14 часот, може многу едноставно да се купи во банките – преку средствата на трансакциска сметка или во кеш.

Како што напомена Бесими, граѓанската обврзница е исклучително транспарентен и безбеден процес на вложување, посебно на оние пари што луѓето ги чуваат дома, „под перница“.

Аукцијата ќе биде на 13 јули. Тогаш ќе се соберат сите налози, сите плаќања што се направени преку банките.

Граѓаните на 20 јули 2024 година ќе можат да ја добијат првата камата од 5 проценти од вредноста на обврзницата, а на 20 јули 2025 и втората камата, како и целиот износ на купонот.

-Битно е граѓаните да знаат, оние што имаат заштеди „под перница“, дека со ова им овозможуваме во период на инфлација, кога парите губат вредност, да вложат во државни обврзници кои даваат добри приноси. Тие што имаат намера да „перат“ пари, корситат други канали и за тоа се свесни државните институции. Тие, пак, што имаат милионски суми, бркаат други бизниси, канали и инвестиции, рече Бесими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Издадена е втората граѓанска обврзница од 17…

Издадена е втората граѓанска обврзница во износ…

Бесими: Се бара одржливо решение за корекција…

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека…