Бесими потврди: Ќе треба да се задолжиме со еврообврзница

t

Еврообврзницата дефинитивно пак е во игра. Министерот за финансии Фатмир Бесими потврди дека веројатно ќе треба да се задолжиме и со еврообврзница. Сума не открива, иако првично таа беше планирана на околу 600 милиони евра. Во најновата колумна, Бесими не кажува ниту колкаво ќе биде задолжувањето кај ММФ, ниту кај други финансиски институции од каде треба да земеме кредити со пониски камати. Токму 4 пати повисоките камати во однос на лани беа причина Бесими претходно да каже дека процесот за издавањето на Еврообврзницата е во мирување.

КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ И ЛИКВИДНОСТ НА ММФ  Е ВО НАСОКА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СРЕДСТВА ПО НАЈНИЗОК МОЖЕН ТРОШОК. ИСТО ТАКА СЕ ПЛАНИРА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СРЕДСТВА И ПРЕКУ НАМЕНСКИТЕ ПРОЕКТНИ КРЕДИТИ ОД СВЕТСКА БАНКА И ЕБОР. СИТЕ ОВИЕ ИНСТРУМЕНТИ И ЛИНИИ СЕ МНОГУ ПОПОВОЛНИ ИЗВОРИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ, ПОЕВТИНИ ОД ТЕКОВНИТЕ УСЛОВИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ, НА КОЈ ВЕРОЈАТНО ЌЕ ТРЕБА ДА ПРИСТАПИМЕ СО ЕВРООБВРЗНИЦА, ПИШУВА БЕСИМИ.

Бесими уверува дека внимателно се следи висината на јавниот долг, кој во првиот квартал годинава достигна 7 милијарди и 170 милиони евра како и неговата одржливост. Експертите пак предупредуваат, да внимаваме со кредитите и со тоа како ќе ги трошиме парите. Предупредуваат јавниот долг ќе расте. А со тоа и каматите за идните задолжувања.

НЕ БИ ЗНАЕЛ МЕЃУТОА ЕВЕ СЕ ЗБОРУВА ВЕЌЕ СМЕ НАД 60 % МОЖЕБИ БИ ОДЕЛ 65 НАД 65 ПРОЦЕНТИ. ЕДНАШ НАДМИНАТИОТ ЈАВЕН ДОЛГ НАД 60 ПРОЦЕНТИ З АНАШАТА ЕКОНОМИЈА, ПРЕТМСЕТКИТЕ ПОКАЖУВААТ ЌЕ ТРЕБА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ  ДА СЕ ВРАТИ ПОД 60 ПРОЦЕНТИ. ТОА ЗНАЧИ АКО НИ ТРЕБАЛО 3-4 ГОДИНИ ДА СТИГНЕМЕ ДО ТУКА, СЕГА ЌЕ НИ ТРЕБААТ 8-10 ГОДНИ ДА СЕ ВРАТИМЕ ПОД НИВОТО КОЕ СМЕ ГО НАДМИНАЛЕ, ПРЕДУПРЕДУВА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ ПРОФЕСОР БОРЧЕ ТРЕНОВСКИ.

Бесими во најновата колумна најавува дека со ребалансот на буџетот ќе се крати секаде каде што може. А за да се прибираат повеќе пари во државната каса ќе се пристапи кон примена на Стратегијата за даночни реформи во која има пет приоритете меѓу кои и нови даноци.

ПРВИОТ СЕ ОДНЕСУВА НА ПОГОЛЕМА ПРАВЕДНОСТ ВО ОДАНОЧУВАЊЕТО, СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СЕКОЈ ДА ЈА ИСПОЛНУВА СВОЈАТА ОПШТЕСТВЕНА ОБВРСКА И ДА ГО ПЛАЌА СВОЈОТ ПРАВЕДЕН УДЕЛ ОД ДАНОКОТ. ОД ОВА СЕ ОЧЕКУВА НОВОДИЗАЈНИРАН МОДЕЛ ЗА ПРАВЕДНО ОДАНОЧУВАЊЕ. ПЕТТИ ПРИОРИТЕТ Е ВОВЕДУВАЊЕ ЕКОЛОШКО „ЗЕЛЕНО“ ОДАНОЧУВАЊЕ, ТВРДИ БЕСИМИ.

Ребалансот на буџетот за десетина дена треба да стигне пред владините министри. Тогаш ќе се знае и со колку милиони евра ќе се задолжиме годинава – за да ја пребродиме и најновата криза.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесими: Се бара одржливо решение за корекција…

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека…