„Бехтел и Енка“ гради автопат низ гробишта во Здуње, од Владата велат – можеме само да ги замолиме

t

Жителите на гостиварското село Здуње денеска излегоа на протест во знак на револт поради уништувањето на дел од селските гробишта со изградбата на автопатот од Коридорот 8, кој го изведува конзорциумот „Бехтел и Енка“. Мештаните велат дека трасата на автопатот поминува врз дел од гробиштата. Тие бараат итен прекин на работите, од кои веќе се оштетени гробови.

-Работите што се одвиваат овде одземаат дел од селските гробишта, а ние како жители на село Здуње сме против ова. Раководството на џамијата Здуње и ИВЗ се тие кои замижуваа пред узурпирањето на ова место. Старото раководство на џамијата беше сменето затоа што се спротивставија на ваквата состојба, а џамијата и селските гробишта ја предадоа на ИВЗ и поради оваа причина денес ни ги одземаат гробиштата. Поминаа два месеци откако ја испративме петицијата до ИВЗ, но се уште нема одговор од никого. Велат божем се пожалиле, но немаме никакви документи, изјави за ТВ21 Фарук Ферати од месната заедница во Здуње.

Запрашан за ова, министерот за транспорт Александар Николоски рече дека договорот со американско-турскиот конзорциум го склучила минатата влада, и дека тие сега се немоќни да го спречат уништувањето на гробиштата во Здуње, односно „можат само да ја замолат“ компанијата.

„Таму изведувач е конзорциумот „Бехтел и Енка“. Согласно законите, такви какви што се донесени од претходната Влада и надлежностите се целосно нивни, тие го прават проектирањето и тие го прават трасирањето. Она што можам да кажам е дека ќе поразговараме со нив. Ние правиме неделни состаноци и ќе разговараме. Веќе еднаш сме разговарале, имаше слични проблеми и на други места и ќе направиме се проблемот да се реши. Но треба да се свесни граѓаните дека заради законите на претходната Влада, нашите надлежности се во рамки на буквално да замолиме, а не да нешто спроведеме или наредиме“, рече Николоски на денешната прес-конференцијата во Владата.

Проблем имаат и жителите на селото Бањица, на кои трасата од автопатот им поминува непосредно покрај куќите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…

Радио МОФ објави снимка на која се…

Нема веќе молк, нема повеќе страв –…

Нема веќе молк, нема повеќе страв -…

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…

Владата на Република Македонија преку соопштение упати…