Бехтел и Енка одржаа Саем за вработување во Битола
Конзорциумот Бехтел и Енка денеска на Саемот за вработување во Битола ги повикаа битолчани да се пријавуваат за ангажман во изградбата на новиот автопат што ќе ги поврзува Битола и Прилеп. На промотивниот настан пред Офицерскиот дом, проектниот менаџер на Бехтек и Енка, Џош Бекер ја најави кампањата за нови вработувања во компанијата.
-Почнуваме кампања за вработување и до крајот на следната година планираме да вработиме околу 2000 лица. Досега вработивме 250 лица. За вработување ќе има многу можности со многу позиции. Апликациите може да се доставуваат во Агенцијата за вработување или онлајн- истакна Бекер.
Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, конзорциумот Бехтел и Енка е силен изведувач од кој може многу и да се научи и ги повика сите профили да аплицираат затоа што може да бидат од корист за изградба на инфраструктурата во Пелагонискиот регион.
-После 32 години зборуваме за изградба на автопат кој го очекуваат битолчани. Имаме најсилен изведувач на работите, а тоа е конзорциумот Бехтел и Енка од кој можеме многу да научиме, а тоа знаење подоцна да го пренесуваме на нашата оператива. Бехтел и Енка работеле во регионот, во Србија, Косово и Албанија, и секаде со Бехтел и Енка соработувале македонски компании-истакна министерот Бочварски.
фото: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…