,,Бејл од Прилеп’’ го засили Вардар
Македонскиот фудбалски клуб Вардар продолжи да го гради ростерот за следната сезона во ПМФЛ.
Скопскиот тим е на подоготвки во Словенија, а таму потпис на договор стави и Николче Шаркоски. Прилепчанецот е засилување за офанзивниот дел од тимот на Горазд Михајлов. Неговата примарна позиција е десно крило, но може да игра на левата страна, а и како десен бек.
30-годишниот Шаркоски во Вардар доаѓа по настапите во Воска Спорт за која одигра 12 натпревари и даде еден гол. Претходно Николче Шаркоски беше дел од Работнички, Брера и Победа.
Вардар во следниот период работи да доведе засилувања за дефанзивниот дел од средниот ред и нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…