Беќировиќ: НАТО останува клучен приоритет за БиХ
Доближувањето до членството во НАТО останува клучен надворешнополитички приоритет за БиХ, а Алијансата е подготвена да и помогне на таа земја да го заштити нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, изјави денеска во Сараево, Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ по средбата на членовите на државниот врв со амбасадорите на земјите членки на НАТО кои се и членки на Северноатлантскиот совет (НАЦ).
Целиот состав на НАК, предводен од заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан, е во дводневна работна посета на БиХ.
Овој сигнал е испратен во време кога официјални лица од западните земји предупредуваат дека Балканот може да биде директно загрозен доколку не се потисне руската агресија врз Украина.
Беќировиќ рече дека ова е најважниот надворешнополитички состанок за БиХ од почетокот на годинава и дека е многу охрабрен од она што го слушнал на него.
-Тие рекоа дека цврсто стојат зад БиХ, нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет и сите јасно кажаа дека го осудуваат секој повик за отцепување, изјави Беќировиќ.
Беќировиќ рече дека и покрај блокадите, ќе се инсистира на членство во НАТО бидејќи БиХ „не е неутрална, туку е јасно определена“ и дека властите ги усвоиле сите потребни документи за влез во Алијансата.
Тој исто така изјави дека проруските политичари во Босна и Херцеговина го загрозуваат мирот во регионот и директно го повика Додик.
Тој рече дека затоа побарал од членките на НАК да го забрзаат приемот на Босна и Херцеговина во НАТО.
На средбата со членовите на НАК присуствуваа само Беќировиќ и актуелниот претседавач со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, а не дојде српскиот член и блиската соработничка на Додик, Жељка Цвијановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…