Беџети: Ако се чепне Законот за јазиците, ќе има политичка криза

t

Ако се чепне Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза, вели Блерим Беџети од ДУИ во интервју за Радио Слободна Европа. Тој смета дека во таква ситуација не би можеле да се одржат локални избори. На државата, според, него и се потребни и предвремени парламентарни избори.

Прашан за најавата на ДУИ дека ќе нема локални избори доколку со нив паралелно не се одржат и парламентарни избори, ако се чепне Законот за јазиците и дали тоа може да се толкува како бојкот, или како најава за политичка криза што ќе спречи воопшто да се одржат локалните избори, Беџети вели – „напротив, ние не сме најавиле никаков бојкот, ние секогаш сме биле и сме спремни за избори, и на последните парламентарни избори, изборниот легитимитет на етничките Албанци, и другите етнички заедници е кај Европскиот фронт“.

– Предвремени парламентарни избори во Собранието како дебата се отвори од сите, почнувајќи од премиерот Мицковски. Но, факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата. Затоа што само така ќе се врати стабилноста, политичката стабилност, но и можноста во економската и сите други сфери во нашата држава да има стабилност и да се работи на прогрес и општо добро на граѓаните. Недозволиво е да се почитува само едниот легитимитет во државата од двете најголеми етнички заедници во државата, и затоа бараме предвремени парламентарни избори. А во другата насока околу најавите за Законот за јазиците, да вистина е, бидејќи ние имавме средби со граѓаните. На тие средби со граѓаните што ги имавме со ограноците на ДУИ, граѓаните имаа можност да постават прашања до претседателот Али Ахмети и до сите други, и ако ги следиме сите прашања и коментари, загриженоста околу ова многу сензитивно прашање е на највисоко ниво. Нормално ние сме избрани од Албанците и граѓаните и ние свесни сме каква ќе биде реакцијата, и затоа е кажан тој став дека тешко дека ќе има локални избори, затоа што се нарушува етничката стабилност, и те како се нарушува, вели Беџети.

На прашање дали очекува немири во тој контекст одговара дека не може да се очекува стабилност.

– Меѓу 13-те политички субјекти што иницирале такви иницијативи пред Уставниот суд е и ВМРО-ДПМНЕ и да очекувате дека тие што го имаат легитимитетот да ускратат права на втората етничка заедница. Мислам дека тоа е јасно, кон што води. Неслучајно ние сме имале и пратенички прашања и други ставови, политички ставови и сме очекувале дека минимално и од коректност и од почит кон втората етничка заедница да се повлече таа иницијатива. А зошто да не се дебатира за сите полиња на прогрес, а не регрес на правата на Албанците, наведува Беџети и дополнува дека секако дека ќе дојде до политичка криза, ако се чепне во Законот за јазиците.

Според Беџети, за локалните избори има време, досега не е одлучувано ниту за кандидати, ниту е дефинирано со коалициските партнери. – Периодот пред нас за жал и во овој месец, еден параполитички орган како што е Уставниот суд ќе експериментира „во начело на правото“ со законот за употребата за албанскиот јазик, вели Беџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…