Бивш аналитичар на ЦИА откри што ќе се случува во Украина во октомври

Украина ќе мора да ја заврши контраофанзивата во октомври. Ова мислење го изнесе поранешниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон во интерву.
„Способноста на Украина да го издржи овој интензитет на борби не се мери со месеци, туку со недели. Можеби три до четири недели максимум. Кога времето ќе се промени и ќе почнат есенските дождови, а тоа ќе се случи во октомври, шансите за офанзивни маневри на војската на Украина ќе бидат драстично намалени“.
Меѓутоа Русија ќе има и понатаму можност да ги бомбардира украинските басзи, утврдувања и инфраструктура со ракети, бомби и дронови преку своите воздушно космички сили длабоко на украинска територија, додаде тој.
Како што примети поранешниот аналитичар на ЦИА, дури и Зеленски признал дека нивната контраофанзива не се одвива според првичните планови.
Претходно рускиот претседател Путин соопшти, дека Украина од почетокот на контраофанзивата претрпела над 71.000 човечки жртви.
Додека според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, украинските сили не ги постигнале целите на контраофанзивата ни во една област.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја повика Русија да го прифати…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија…
Путин му одговори на Трамп: Животот на…
Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…
Руте повика на нормализација на односите со…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…
Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…
Членството на Украина во НАТО повеќе не…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…