Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец го обвини за принуден брак
Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд во австрискиот град Корнојбург, откако неговиот син го обвини за насилство. Според локалните медиуми, момчето (23) го обвинило својот татко (49) за малтретирање, уцена, принуден брак и континуирано насилство кое наводно трае од неговата 12-годишна возраст.
Обвинителот Андреа Зак во петокот на почетокот на судењето рече дека обвинетиот редовно го тепал својот син поради хомосексуалната ориентација на младиот човек. Но, адвокатот на одбраната констатира дека обвинувањата не се точни и како сведоци донесе пет членови на семејството кои дадоа исказ во корист на обвинетиот.
Ниту обвинението за принуден брак не можеше да се докаже бидејќи младиот човек во тој брак имал две деца.
Мајката на младиот човек и неговите браќа и сестри се појавија на суд и сведочеа дека во нивното семејство немало насилство. Сопругата на момчето сведочела и потврдила дека не се работи за принуден брак.
За апсурдот да биде уште поголем, наводната жртва, синот на обвинетиот, се потрудил да направи приказна, а кога се појавил пред судијата, едноставно молчел, користејќи го своето право, како член на семејството, да не сведочи.
На крајот, човекот од Босна и Херцеговина, кој беше во притвор од 14 декември, беше ослободен од сите обвиненија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец…
Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд…
Босна протестира по монструозното убиство на Низама
Почнаа протестите во Босна мотивирани од крвничкото…
Масакрите во Босна немаше да се случат…
Заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија…
Дојави за бомби во судовите во Сараево
Дојави за бомби денеска добија Кантоналниот суд…
БиХ и понатаму ќе добива руски гас
Во БиХ секој ентитет ги договара испораките…