„Билд“: Германија се подготвува за војна меѓу Русија и НАТО

t

Германија се подготвува за војна меѓу НАТО и Русија, која наводно би можела да започне во летото 2025 година, објави денеска германскиот магазин „Билд“, повикувајќи се на наводен таен документ на германскиот Бундесвер.

Врховниот командант на НАТО на засега непознат датум ќе даде наредба за префрлање на 300.000 војници во Источниот блок, меѓу кои и 30.000 војници на Бундесверот.

Во текстот исто така се наведува дека ескалацијата на војната во Украина, би можела да доведе до отворен конфликт меѓу НАТО и Русија и  може да се случи веќе во февруари оваа година, како дел од активната офанзива на Москва против украинските сили, која, според прогнозата на медиумот ќе се повлече до јуни.

„Акциите на Русија и на Западот, кои би кулминирале со испраќање на стотици илјади војници на НАТО како и неизбежното избувнување на воен конликт во летото 2025 година, се опишани точно на местото и месецот, во сценариото на германскито Министерство за одбрана, наведува „Билд“.

Според извештаите, локацијата за конфликтот ќе биде коридорот Сувалки меѓу Белорусија и руската област Калининград, но авторите на написот го оставаат отворено прашањето како ќе заврши оваа хипотетичка ескалација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на…

НАТО има витален ангажман за заштита на…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

На Германија и требаат 300.000 нови станови…

Бројката од годишната прогноза за потребите за…