Билетите за мечот со Англија „летнаа“ – КАКО АЛВА!
Само два дена откако беа пуштени во продажба, најголемиот број од билетите за мечот Македонија – Англија со кој в понеделник на Националната арена во Скопје го затвораме циклусот квалификации за ЕП 2024, веќе се продадени.
Според информациите на „СпортСпорт“ во моментов во продажба има само уште мал број билети и тоа само за Јужната и за Западната трибина. За Западната трибина има нешто повеќе од стотина билети во продажба, а слична е бројката и со билети за Јужната трибина.
Северната е комплетно распродадена, додека Источната трибина е одвоена за гостински фанови. Ова значи дека уште еднаш во овие квалификации ќе имаме одлична посетеност, ако се знае дека на дуелот со Италија во Скопје на нашиот најголем стадион имаше 28.000 гледачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…