Билјана Ивановска ја отфрли понудата на Oбвинителството – утре ќе оди на распит

t

Кандидатката за градоначалничка на општина Центар Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавбното обвинителство на Македонија да дојде на распит по завршувањето на локалните избори на кои таа ќе учествува, туку ќе оди на распит утре, објави „Независен“.

Според она што го изјави за „Независен“, Ивановска утре напладне ќе оди на распит во обвинителството, за даде изјава околу кричината пријава за која не знае од кого е и за што, а обвинителството не знае дали воопшто има основа за неа.

Инаку Ивановска доби покана да се појави на распит пред обвинител, 11 часа откако ја обзнани кандидатурата и тоа на начин што полициски службеници ѝ ја врачија поканата на домашна адреса. Обвинителството тврди дека кривичната пријава за која преземаат дејства за да ја испитаат нејзината основаност е поднесена на 18 февруари годинава. По реакциите од јавноста на Ивановска ѝ беше оставена можност да се јави на распитот по завршувањето на изборите, понуда што таа ја одби.

-Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, реагираше Ивановска по овој настан.

Билјана Ивановска е поранешна претседателка на Државната комисија за спречување корупција и ревизор на ИПА фондови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Билјана Ивановска ја отфрли понудата на Oбвинителството…

Кандидатката за градоначалничка на општина Центар Билјана…

(Видео) Русите објавија снимка од тенк со…

„Русија Тудеј“ објави видео на кое се…

ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто…

ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто…

Фрлил молотов коктел врз „Куќата на цвеќето“…

Белградската полиција го уапси Г. М. (55)…

И покрај загубите, генерал Сирски испраќа војници…

Врховниот командант на вооружените сили на Украина,…