Бил Гејтс открива зошто не инвестира во криптовалути: Скептичен сум за биткоинот
Милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, е еден од ретките бизнисмени од тој „калибар“ кои не поседуваат и не инвестираат во дигитални валути.
Гејтс објасни зошто не сака да инвестира во криптовалути, нагласувајќи дека повеќе сака да инвестира во работи со „резултати кои вредат“ и кои даваат одреден придонес во општеството, пишува Телеграф Бизнис.
– Сакам да инвестирам во работи кои имаат резултати. Вредноста на компанијата се заснова на тоа како прават одлични производи. Вредноста на криптовалутите е кога некое друго лице ќе одлучи некој друг да плати за тоа, така што не придонесува во општеството како другите инвестиции – изјави милијардерот, кој претходно спомена дека е скептичен за биткоинот.
Инаку, оваа изјава на Гејтс доаѓа во време кога криптовалутите паѓаат, но сепак, ситуацијата се подобрува последниве денови.
Агенциите јавуваат дека биткоинот забележал најголем раст во последните две недели.
Гејтс и претходно ги „предупреди“ луѓето да не инвестираат во криптовалути, особено оние со „помалку пари“, а противник на дигиталните пари е и неговиот добар пријател и познат инвеститор Ворен Бафет. Така размислува и Чарли Менџер, долгогодишниот соработник на Бафет, пишува Телеграф Бизнис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…
Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…
Бил Гејтс се огласи на Твитер: Јас…
Деви Шридар е американски истражувач за јавно…