Објавено на:

“Биолошка бомба” во Судан: Огромен ризик од ширење на страшни заразни болести

t

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои „огромен биолошки ризик“ откако борците во Судан ја зазедоа националната јавна лабораторија во земјата со примероци од полио и сипаници.

Наим Саид Абид, претставник на СЗО во Судан рече дека постои огромен биолошки ризик поврзан со заземањето на централната лабораторија за јавно здравје.

Во лабораторијата на таа земја има примероци од вирусот на детска парализа и мали сипаници.

Наим Саид Абид, претставник на СЗО во Судан рече дека постои огромен биолошки ризик поврзан со заземањето на централната лабораторија за јавно здравје.


Борците ги „избркаа сите техничари од лабораторијата… која е целосно под контрола на една од страните како воена база“, рече Абид, додавајќи дека тоа создало „исклучително, исклучително опасна“ ситуација.

Претставникот на СЗО не прецизираше која од конфликтните страни ја окупирала лабораторијата.

Абид изјави дека информацијата за преземањето ја добила од шефот на националната лабораторија во Картум, еден ден пред да стапи на сила прекинот на огнот.

Во борбите досега се убиени околу 500 луѓе, а повеќе од 4.000 се ранети во тековните борби, рече Абид, цитирајќи податоци од Министерството за здравство на Судан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судан: Војската ја презема контролата над клучната…

Суданската војска тврди дека презела целосна контрола…

Завојуваните страни во Судан ќе преговараат во…

Владите на САД и Саудиска Арабија потврдија…

Над 100.000 бегалци избегале од Судан поради…

Над 100.000 бегалци преминале од Судан во…

Завојуваните страни во Судан се согласија да…

Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат свои…

Осумчлено македонско семејство заглавено во Судан: МНР…

Од Министерството за надворешни работи на Макеоднија…