Биометрискиот систем за влез/излез на ЕУ одложен до септември 2026
Целосната имплементација на новиот систем за влез/излез (EES) на Европската Унија е одложена поради можноста во текот на летото на границите да се создаде хаос. Веста ја потврди Европската комисија.
Имплементацијта на системот EES, беше одложуван неколку пати, а новите гранични контроли беа лансирани во октомври 2025 година, и постепено се воведуваат во пристаништата и аеродромите.
Контролите веќе се соочија со почетни проблеми, предизвикувајќи значителни доцнења за патниците, особено на граничните премини.
Системот требаше да биде целосно оперативен на границите на ЕУ во април 2026 година, но тој рок сега е поместен до септември 2026 година.
Аеродромот во Лисабон е суспендиран од EES поради прекумерни доцнења
На аеродромите каде што EES веќе работи, патниците од земјите надвор од ЕУ мора да ги регистрираат своите биометриски податоци на специјални киосци.
Првично, прагот за евидентирање на пристигнувањата на државјани од трети земји беше поставен на само 10 проценти. Од 9 јануари, тој процент беше зголемен на 35 проценти, а системот беше воведен на дополнителни аеродроми и пристаништа.
Новите гранични проверки веќе предизвикуваат главоболки кај патниците, кои пријавуваат долги редици и бавни процедури.
Во некои случаи, патниците ги пропуштија своите летови.
Извештај објавен на крајот од минатата година од страна на Меѓународниот совет на аеродроми на Европа (ACI Europe) покажа дека постепеното воведување на биометрискиот систем доведе до зголемување на времето на чекање на аеродромите до 70 проценти, понекогаш и до три часа.
Во декември, аеродромот во Лисабон беше принуден да го суспендира EES три месеци откако „сериозните недостатоци“ во граничната контрола доведоа до огромни толпи, со чекања до седум часа во некои случаи, според извештаите.
Целосното спроведување на EES е одложено за да се избегне летен сообраќаен хаос
Рокот за целосно спроведување на EES на границите на ЕУ и Шенген сега е одложен до септември.
„Воведувањето толку голем систем е сложена задача“, рече портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт.
Оваа одлука значи дека земјите-членки имаат поголема флексибилност во собирањето биометриски податоци, во зависност од тоа како нивните сообраќајни центри се справуваат со оптоварувањето.
За патниците, ова значи дека тие можеби сè уште ќе добиваат печат во пасошите на границите во наредните месеци.
Во декември, генералниот директор на „ACI Europe“, Оливие Јанковец, предупреди дека понатамошната примена на системот неизбежно ќе доведе до значително посериозни застои и системски нарушувања за аеродромите и авиокомпаниите.
Тој предупреди дека ова може да резултира со „сериозни безбедносни ризици“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биометрискиот систем за влез/излез на ЕУ одложен…
Целосната имплементација на новиот систем за влез/излез…
Драги: „Европа ризикува да стане подредена, поделена…
„Европа ризикува да стане подредена, поделена и…
“Made in Europa” – ЕУ започна кампања…
Европскиот комесар за индустријата, Стефан Сежурне, ја…
Повеќе ЛНГ од Катар и Канада: ЕУ…
По целосното запирање на испораките на гас…
Европската Народна Партија во Загреб ја отвори…
На самитот на Европската народна партија (ЕПП)…