Бислими: Од утре еврото е официјална валута во Косово

Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека утре ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките.
– Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК.
Според него, новата регулатива на ЦБК има за цел да ги заштити финансискиот интегритет, потрошувачите и платниот систем.
– Српскиот динар со оваа одлука не е исфрлен од употреба, бидејќи не е официјална валута во Косово од 1999 година, посочи Беслими.
Тој додаде дека Владата побарала од раководството на ЦБК да воспостави линија за комуникација со Банката на Србија за да се изнајдат соодветни механизми за средствата кои доаѓаат од Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…
КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…
Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…