Бислимовски: Ако немаме природен гас Скопје може да се грее само на мазут ама ќе има енормно загадување

t

Се наоѓаме во незапаметени ситуации кога никој ништо не може да предвиди и никогаш немало толку драстични промени на берзите како сега, вели во интервју за Макфакс првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој вели дека останува да се надеваме дека оваа криза ќе заврши и ќе добиеме стабилни и предвидливи цени на енергенсите.

Бислимоски вели дека ако во државата нема природен гас, тоа би бил сериозен проблем, особено во текот на следната грејна сезона. Во таков случај, смета тој, греењето во Скопје единствено може да биде на мазут, но тогаш во градот ќе има енормно загадување.

„Реално е дека во Македонија немаше никаков проблем во обезбедувањето нафтени деривати и тоа функционираше. Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации бидејќи во однос на нафтените деривати немавме и не очекувам да имаме некој посебен проблем. Но кризата лично ме научи – никогаш не вели ниокогаш. Сепак, во делот на нафтените деривати не се очекуваат проблеми“, уверува Бислимовски.

„Да видиме кои се тие експерти коишто кажуваа дека ние со нашите одлуки на енергетскиот пазар сме правеле енормни профити. Многу е лесно во време на криза да се шпекулира, но многу е тешко да се преземаат мерки кои се непопуларни“, додава првиот човек на РКЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…

Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…

Peзил, некои работи не стареат добро –…

Изјавата од ноември Нема да има ценовни…