Бислимовски апелира да се штеди: Енергетскиот сектор е под контрола
Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола – ова е заклучокот од одржаниот координативен состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН ХОМЕ, Електродистрибуција и МЕМО.
Претседателот на Регулаторна вели дека се уште трае енергетската криза, факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење.
-Во овие кризни месеци преку заеднички редовни координации ги преземавме сите неопходни мерки, меѓу кои се реализраше и инцијативата на РКЕ за проширување на листата на ранливи категории кои добиваат директна финансиска поддршка. Овие ранливи потрошувачи на енергија во сметките им е пресметан паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси .
На состанокот разговаравме и за идни системски мерки кои би се презеле со цел стабилизирање на енергетскиот сектор. Започнавме и разговори во насока на промена на тарифниот систем, што ќе се базира врз претходно изготвени детални анализи.
Целта е да има фер цена на електричната енергија која ги одразува реалните трошоци за секој вид на потрошувач и која ќе спречи злоупотреба на пазарот на електрична енергија. Забележано е дека дел од големите потрошувачите кои имаат обврска да набавуваат електрична енергија на слободниот пазар, регистрираат нови фирми кои ги исполнуваат условите за учество на регулираниот пазар, па преку склучување на договори за закуп во нивно име добиваат електрична енергија по регулирани цени кои се пониски од пазарните.
Дел од анализите укажуваат дека 1% од домаќинствата трошат 20 % од расположливата електрична енергија која ЕСМ ја произведува по цена која е неколку кратно пониска од берзанската цена. Ова упатува дека овие домаќинствата загреваат поголеми површини од останатите, по цена која е субвенционирана од државата. Дополнително се разгледуваа механизми како да им се помогне на потрошувачите кои ја набавуваат електричната енергија на слободниот пазар.
Една од мерките што беше преземена од РКЕ е ослободување на домаќинствата од обврската да ја плаќаат електричната енергија од повластените производители, чија цена е двојно повисока од онаа на ЕСМ. Овие ослободени количини на електрична енергија од повластените производители по цена која е пониска од берзанската, се ставени на располагање на снабдувачите кои ја испорачуваат кон стопанството, општините, јавните претпријатија и сите потрошувачи кои набавуваат електрична енергија на слободниот пазар.
Со имплементација на оваа мерка се заштедија околу 35 милиони евра на сите учесници на слободниот пазар, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Peзил, некои работи не стареат добро –…
Изјавата од ноември Нема да има ценовни…