Бислимовски: Некои и гробот на Александар Македонски го бараа во Свети Николе, може ќе најдат и нафта таму
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, денеска објави дека цената на дизел горивото по литар ќе се намали за 2 денари. Првиот регулатор на брифингот со новинарите истакна дека изминатиот период има значително намалување на цената на горивата и дека тоа е потврда дека нивното чинење не зависи од политиките на државата.
– РКЕ определува цена на нафтени деривати врз основа на цена на цена на нафтени деривати на берза и курс на долар. Ако некој мисли дека во Македонија има свои резерви на нафта и можеме ние сами да си правиме цени, јас го отстапувам своето место и нека прави цени какви што смета од сопствено производство. Најверојатно секогаш околу Свети Николе кажуваат дека има, и гробот на Александар Македонски бил и нафта дека имаме. Верувам дека конечно нешто ќе најдат и ќе помогнат на граѓаните, рече Бислимовски.
Тој додаде дека реално сметките за парно-греење, ако зголемувањето на цената се ориентира според поскапувањето на природниот гас, треба да изнесува 150 отсто, но дека државата ќе превземе мерки на ублажување.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Peзил, некои работи не стареат добро –…
Изјавата од ноември Нема да има ценовни…