Бислимовски: Јас сум против да кажуваме дека ќе има зголемување на цената!
Се што ни стои на располагање како механизми ќе ги искористиме за да нема зголемување на цената на електричната енергија, порача денеска од Струмица претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, коментирајќи ги најавите на Владата за зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто и на цената на струјата од почетокот на наредната година.
Според Бислимоски, во однос на ДДВ Регулаторната комисија нема никакви ингеренции, бидејќи тоа е одлука на Владата.
-Доколку остане сегашната цена, зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 отсто во апсолутен износ значи зголемување за 4,7 отсто на вкупниот трошок на домаќинствата за електрична енергија, смета Бислимоски.
Тој додаде дека во наредниот период РКЕ ќе направи дополнителни анализи, односно, како што рече, сега е време на криза, но и можност за креативни решенија со единствена цел евентуалното зголемувањето на ДДВ на струјата да се амортизира и да им се излезе во пресрет на барањата на домаќинствата.
-Јас сум противник да кажуваме дека ќе има зголемување на цената. Прво треба да видиме како ќе заврши производството на електрична енергија оваа година од ЕСМ, колкави приходи ЕСМ остварувал од продажба на вишоци, дали имал потреба од увоз. Тоа да го разгледаме, па потоа треба да знаеме следната година колкави ќе бидат потребите на домаќинствата и малите потрошувачи и на загубите во системот, да видиме со кои цени ќе се снабдуваат за да ја знаеме точно реалната слика, посочи Бислимоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
Владата нареди: Институциите мораат да заштедат 15%…
Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата…
За праведна енергетска транзиција потребни се домашни…
„Верувам дека оваа година производството на електрична…
Толку од сплотеноста во ЕУ – Германскиот…
Шолц: Германија нема да ја бојкотира руската…
Добро утро со Инфомакс: Шест видови храна…
Доколку не сте утринска личност, будењето рано…