Бислимоски: Државата можеше, ама не изгради големи енергетски капацитети
Во 30 години независност Македонија како држава преку државната компанијата ЕСМ изградила нешто меѓу 140 и 150 мегавати енергетски инсталации, а сето останато што се изгради во енергетскиот сектор се инвестиции од приватниот сектор. Домашни и странски компании направија повеќе од 900 мегавати во овие 30 и нешто години, од кои само во последните две години се направени 600 мегавати, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.
Тој додаде дека изминатите 30 години, ради кусогледи политики и евтин популизам не се градеше ништо.
– Државата во изминатите 30 години не градеше заради кусогледи политики, заради евтин популизам од аспект не можеме да градиме, ако градиме ќе ни расте цената… Ако направиш нешто да, тоа има влијание и на цената. И се доведовме во ситуација да потрошиме речиси 400 милиони евра со разни субвенции во најголем дел за домаќинствата и за да го изгаснеме пожарот. Додадената вредност ни е нула – рече Бислимоски.
Претседателот на РКЕ рече дека во овие 30 години, ако сме сакале, ако сме можеле и биле мудри ќе сме направеле и гасна електрана, и Чебрен, но не се направени.
За инвестицијата на „Митиленос“ вели дека се шират лажни информации.
– Со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси повеќе од дупло, цената на когенеративната постројка Те-То за топлинска енергија е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за „Митиленеос“. Наместо да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари – вели Бислимоски.
Тој додаде дека оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија на градот Скопје, каде што има околу 59 илјади потрошувачи.
– Апсолутно не вистина е дека ќе одела само во еден дел во Железара, во Автокоманда и во Маџари. А бе, луѓе, не можеме повеќе да го издржиме ова со лаги. Не е нормално – рече Бислимоски.
Претседателот на РКЕ додаде дека Те-То ќе продолжи да работи, бидејќи е добар проект и помага во стабилизирањето на напонот на нашата мрежа.
– Дај Боже да направевме уште 10 такви Те-Товци големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме – рече Бислимоски.
За изградбата на Чебрен велу дека е потребен општ политички консензус.
– Не успевам да разберам како сите политички елити во државата за овие проекти не се договорат и да кажат ‘да, ќе ги тераме’. Чебрен не може да се заврши една влада за еден мандат од 4 години, не е тоа како ‘Скопје 2014’. Значи, треба време, ама треба да се постигне општ политички консензус – рече претседателот на РКЕ.
Тој додаде дека има неколку проекти кои се извесни и треба да се реализираат, како Чебрен, изградба на нова интерконективна врска со Грција, ширење на мрежи за природен гас, развојно обновливи извори.
– Овие инвестиции мора да се случат за да се развива македонската економија. При следната енергетска криза, како ова е што ја имавме, ние ќе немаме електрична енергија. Дотаму отиде на работата, да не се лажеме – рече Бислимоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Лично сум фокусиран на избор на…
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…