Бислимоски е против зголемување на цените на струјата за домаќинствата по Нова година

t

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, е против поскапување на струјата за домаќинствата од Нова година, како што претходно најавија владини претставници.

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) тој вели дека не треба да се брза туку прво да се направат анализи.

„Јас сум противник да има поскапување на електричната енергија. Прво треба да направиме анализи, да видиме како се обезбедуваат потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата на регулираниот пазар и како е планот догодина да бидат обезбедени. Кога имаше потреба да се зголеми цената на електричната енергија поради надворешни влијание, пред сè поради зголемена цена на увоз и реално ЕСМ пред две години имаше цена од 34 евра за мегаватчас, што е една неодржлива ситуација. Регулаторната комисија за енергетика ја зголемуваше цената на електричната енергија, не сме бегале од одговорност, но сега треба малку да застанеме, да направиме анализи што се случило во 2022, што е планот за 2023, а потоа да се носат соодветни одлуки“, вели Бислимоски за РСЕ.

Според него, сега прво треба да се види како ќе влијае воведувањето на блок тарифите за цената на струјата кај домаќинствата. Дополнително, објаснува тој, со оглед дека се повеќе граѓани инвестираат во енергетска ефикасност, тогаш ќе има и помала потрошувачка што ќе значи дека на ЕСМ ќе ѝ останат вишоци кои ќе може да ги продава и да го покрие негативното салдо.

„Верувам дека голем број домаќинства инвестираа и во енергетска ефикасност и во начини на греење коешто се обезбедува со помала потрошувачка на електрична енергија и таа намалена потрошувачка ќе му обезбеди и на ЕСМ, како компанија којашто целосно ги обезбедува потребите да има вишоци на електрична енергија коишто ќе ги продава на слободниот пазар по повисоки цени. Па така, доколку остварувал минуси на регулираниот пазар, со тоа што би го продавал на слободниот пазар би си ги покрил тие минуси. Затоа велам, треба да се направат анализи, да ја нагазиме топката малку и да видиме каде ќе тераме. Ако се преземе обврска дека ќе се обезбеди од домашно производство, вклучувајќи и ТЕЦ Неготино, да се обезбеди од домашно производство“, вели Бислимоски.

Поскапување на струјата за домаќинствата најавија директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и министерот Бектши. И двајцата смируваа дека се прават напори тоа да биде минимално иако Бектеши првично уверуваше дека струјата нема да поскапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

Владата нареди: Институциите мораат да заштедат 15%…

Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата…

Лоши прогнози: 15% од Германците нема да…

Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите…

Џабе мака за готвење и перење ноќе…

Цената на еден киловат-час електрична енергија во…

Ковачевски: Сигурно е дека ќе има поскапување…

Цената на стујата по Нова година ќе…